Учењето заедно со друго училиште и други ученици од друга земја е возбудливо само по себе бидејќи се е ново и различно. Со еТвининг, учениците се ставени во реална работна ситуација; со конкретна цел, конкретен предмет, конкретни задачи и „надворешни“ партнери.
eTwinning проектите овозможуваат колаборација помеѓу образовните институции од цела Европа, размената на искуства и можност да се создаваат и прилагодуваат нови иновативни методи, пристапи и производи во основното образование.
еTwinning проектите служат и за професионален развој на наставниците. Наставникот е тука за да ги води учениците, да ги поддржува, и да им помага како обезбедувач на ресурси, знаење и мудрост. Предизвик е овие проекти да се инкорпорираат во секојдневните предавања на наставникот и да се дел од наставата.
Во еTwinning проектите учениците креативно размислуваат, решаваат проблеми, носат одлуки. Учениците при изработката на задачите размислуваат поинаку – нивните активности и крајни продукти се достапни за сите заинтересирани од Европската унија и во исто време можат да бидат употреблив ресурс за учење. Учениците се поодговорни за својот сопствен процес на учење, помотивирани и со попозитивен став кон учењето.
0 comments:
Post a Comment