Greetings from Macedonia
RSS

Sunday, January 24, 2010

Подароци

Оргиналноста, креативноста, посветеноста, одговорноста, исполнителноста, квалитетот се само дел од карактеристиките на eTwinning тимот при ОУ “11 Октомври“ од Скопје.Затоа и беа наградени со пригодни подароци од македонската национална агенција за европски образовни програми и мобилност.

Create your own video slideshow at animoto.com.

Monday, January 18, 2010

Ние на блог во Португалија

Од “Проект за знамиња“

Партнери: Англија,Романија,Полска,Франција

Од проектот “Кулинарски весник“

Партнери: Романија, Полска, Бугарија, Турција, Велика Британија

Saturday, January 16, 2010

Зошто eTwinning

Учењето заедно со друго училиште и други ученици од друга земја е возбудливо само по себе бидејќи се е ново и различно. Со еТвининг, учениците се ставени во реална работна ситуација; со конкретна цел, конкретен предмет, конкретни задачи и „надворешни“ партнери.

eTwinning проектите овозможуваат колаборација помеѓу образовните институции од цела Европа, размената на искуства и можност да се создаваат и прилагодуваат нови иновативни методи, пристапи и производи во основното образование.

еTwinning проектите служат и за професионален развој на наставниците. Наставникот е тука за да ги води учениците, да ги поддржува, и да им помага како обезбедувач на ресурси, знаење и мудрост. Предизвик е овие проекти да се инкорпорираат во секојдневните предавања на наставникот и да се дел од наставата.

Во еTwinning проектите учениците креативно размислуваат, решаваат проблеми, носат одлуки. Учениците при изработката на задачите размислуваат поинаку – нивните активности и крајни продукти се достапни за сите заинтересирани од Европската унија и во исто време можат да бидат употреблив ресурс за учење. Учениците се поодговорни за својот сопствен процес на учење, помотивирани и со попозитивен став кон учењето.